Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тренчевска во посета на две еднородителски семејства во Штип

(Видео) Тренчевска во посета на две еднородителски семејства во Штип
Dik 300x250 mk

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории на граѓани.

Таа истакна дека социјалната реформа креирана со цел унапредување на правата и зголемување на помошта за ранливите категории на граѓани, дава реални резултати, а тоа е зголемена социјална помош, за 300 проценти, детски и образовен додаток и поголеми права и услуги за лицата со попреченост.

„Едното семејство користи надоместок заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, Гарантирана минимална помош, надоместок за помош и нега од друго лице а исто така детето е корисник на услуга дневен престој во Дневен центар за деца со интелектуална или телесна попреченост. Мајката не информираше дека користи и надомест за стечаен работник кој со проширувањето на опфатот на лица кој го направивме го оствари ова право. Имено, со новото законско решение, дополнителни 1100 стечајци добиваат материјално обезбедување од 9.242 денари месечно. За другото семејство, мајката која е самохран родител, ме информираше дека за двете деца кои се ученици користат и детски и образовен додаток, мајката е вработена и со измените во Законот за минимална плата, ќе добие зголемена плата од 18.000 денари, “ информираше министерката.

Таа истакна дека, Владата и Министерство се отворени и достапни за сите потреби и сите предизвици со кои се соочуваат самохраните родители, како и останатите граѓани на кои помошта им е неопходна. Тука сме за граѓаните, рече Тренчевска, за сите инцијативи кои доаѓаат од нив, а кои ќе придонесат за да испорачаме резултати од кои придобивка ќе имаат сите.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија