Утрински Весник
Свет

(Видео) Руските специјалци уапсија терористи на ИД кои планирале убиства на војници

(Видео) Руските специјалци уапсија терористи на ИД кои планирале убиства на војници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави видео од операција за апсење на жители на една централноазиска република во Санкт Петербург.

Тие биле уапсени под сомнение дека се членови на терористичка ќелија, кои се подготвуваат за убиства на војници и полицајци.

https://www.youtube.com/watch?v=UNtXnr0rr3o

На видеото е прикажано апсењето на осомничените во станбени простории, а седум приведени лица лежат на подот со лисици на рацете, јави агенцијата „Тасс“.

Прес-службата на ФСБ објави дека припадниците за безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи на Русија, спречиле активност на учесници во терористичка ќелија и соучесници во финансирање на меѓународната терористичка организација Исламска држава, која е забранета во Русија.

Против нив поднесени се обвиненија за соучесништво во пропаганда на тероризам и регрутирање на руски граѓани во терористички структури, објави прес-службата на ФСБ.

„Врз основа на достапните оперативни информации, споменатите лица планирале убиства на војници и персонал од агенциите за спроведување на законот на Руската Федерација, по што имале намера да се преселат во регионот на Блискиот исток, за учество во меѓународната терористичка организација“, посочува ФСБ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија