Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во објект на „Хуавеј“, огнот избил во близина на центарот за развој на 5G мрежа

(Видео) Пожар во објект на „Хуавеј“, огнот избил во близина на центарот за развој на 5G мрежа

Голем пожар избувна во објект на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во градот Донггуан, во близина на лабораторијата за истражување и развој на 5Г и 4Г антените.

Огнот е изгаснат и нема повредени лица.

https://www.youtube.com/watch?v=xUftYphhnf4

Како што јавија властите, пожарот ја зафатил челичната конструкција во изградба, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое се гледа голем облак од темно сив чад кој се издига над лабораторијата.
.
Причината за пожарот не е позната, но според локалните пожарникари најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот брзо се проширил.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“