Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Османи не собра храброст да каже што содржи пакетот 5+1

(Видео) Ковачки: Османи не собра храброст да каже што содржи пакетот 5+1

Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот. Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди, изјави на денешната прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ.

Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание.

Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува блед обид за глумење на допадливост, изјави Ковачки.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија