Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Филипче прогнозираше дека во август пандемијата ќе заврши, а сега воведува фашизоидни мерки

(Видео) Арсовски: Филипче прогнозираше дека во август пандемијата ќе заврши, а сега воведува фашизоидни мерки

На 28 јуни Филипче прогнозираше дека во август пандемијата ќе заврши, а сега воведува за граѓаните дискриминаторски и фашизоидни мерки, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„На 28 јуни Венко Филипче на трибина јасно кажува и прогнозира дека во август или септември пандемијата ќе завршела. Како што гледате Венко Филипче по десетти пат ги лажеше граѓаните дека ќе ја победел пандемијата и дека ќе завршела заврши и ги охрабруваше граѓаните. Наместо победа над пандемијата, власта на граѓаните им стави лисици со фашистички мерки и им го ограничува правото на движење“, рече тој.

Наместо победа над пандемијата, додаде Арсовски, сега сме пред четвртиот бран за кој докторите и експертите велат дека ќе бил најопасен.

„Наместо победа над пандемијата, Филипче почна да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани. Фашистичките мерки на СДСМ се крајно понижувачки за граѓаните и тоа од власта која им ветуваше победа над пандемијата, а не нов четврт бран. Власта не смее во ниту еден случај да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани и да им го ограничува правото на движење. Наместо ова треба да применува стимулативни мерки“, вели Арсовски.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија