Утрински Весник
Македонија

(Видео) Антовски: ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на вода од три милиони денари

(Видео) Антовски: ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на вода од три милиони денари

Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата. Имено на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода која го распишала компанијата во износ од скоро 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за потребите на РЕК БИТОЛА. Компанијата која за да го заштити својот профит бараше поскапување на струјата во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК БИТОЛА“, рече тој.

Со други, додаде Антовски, зборови народот ќе плаќа поскапа струја за 7,5%, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од скоро 3 милиони денари или 50 илјади евра

„Ова е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на СДСМ и ЗАЕВ. Тие изминатиот период во енергетските компании кај што платите се далеку над просекот вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење“, кажа тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист