Утрински Весник
Култура

Вечерва започнува Културно лето 2022 во Општина Кисела Вода

Вечерва започнува Културно лето 2022 во Општина Кисела Вода

Денеска, 29 јуни, па сè до 02 јули, започнува богатата и забавна програма на Културно лето 2022, кое ќе се оддржи во склоп на неколкудневното одбележување на роденденот на општината, „67 години Моја Кисела Вода“. На самата четиридневна манифестација ќе настапат голем број на македонски музички ѕвезди, кои ќе бидат задолжени сите посетители да си поминат незаборавно, a влезот за сите настани е бесплатен.

Со почеток од 18 часот во Паркот Шопен со Хуманитарна Коријада, официјално ќе започне овогодинешното Културно лето 2022. Традицонално, голем број на пензионери од оваа општина со подготовка на домашни пецива собираат средства, наменети за хуманитарни цели, а за време на целиот настан ќе се пеат познати македонски народни песни, коишто ќе ја збогатат роденденската атмосфера. За време на Хуманитарната Коријада, во организација на Црвен Крст Кисела Вода, ќе има и лекарски тим, кој бесплатно ќе мери притисок и ќе мери шеќер во крв, информираат од општината.

Вечерва со почеток во 20:10 часот забавата продолжува во Парк Македонија, лоциран непосредно до Домот на Култура „Билјана Беличанец“ (старото кино), каде ќе започне првиот музички настап во склоп на Културно лето 2022, – концерт на чалгиска музика со Филип Шурбевски и Езгија Квартет. Кулминацијата на македонскатата фолк музика ќе се долови со еден од најголемите синоними на македонската народна музика, – Ефто Пупиноски. Првата вечер ќе заврши со познатите хитови на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано.

Текстот Вечерва започнува Културно лето 2022 во Општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Концерт за виола и пијано на „Охридско лето“

Отворен форумот за локални практики во филмската дејност

Големата пијанистичка ѕвезда Валентина Лисица вечерва на „Охридско лето“