Утрински Весник
Свет

Бундестагот потврди: Германија испраќа воени трупи во БиХ во рамките на ЕУФОР

Бундестагот потврди: Германија испраќа воени трупи во БиХ во рамките на ЕУФОР

Во Бундестагот денеска беше официјално потврдено – Германија размислува да испрати воен контингент во Босна и Херцеговина, во рамките на ЕУФОР.

Берлин тоа го оправдува со грижата за мирот и стабилноста на БиХ, пренесува РТРС.

„Го поздравуваме зајакнувањето на воената мисија во БиХ и размислуваме за вклучување на германската армија во операцијата. Германија е загрижена поради плановите за сецесионизам. Тоа е напад врз единството, мирот и стабилноста на БиХ, Западен Балкан и Европа“, изјави Ана Лирман, државен секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи на седницата на Бундестагот посветена на БиХ.

Можете да прочитате

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток