Утрински Весник
Магазин

Бруок Шилдс покажа како ја одржува атлетската фигура

Бруок Шилдс покажа како ја одржува атлетската фигура

Брук Шилдс изгледа и се чувствува подобро од кога било.

54-годишната актерка и поранешен супер модел се фокусира на одржување топ форма со постојано вежбање на домашен терен во Хемптонс, Њујорк.

На фотографијата што ја сподели во вторникот на Инстаграм, Брук, облечена во арктичко сина рамбовка, темни хеланки и патки, ги покажа своите тонирани и добро обликувани раце и раменици.

Ѕвездата на „Сината лагуна“ минатиот месец на социјалните мрежи сподели предизвик за викенд вежбање дома – двоминутен клип на кој таа ја покажува својата агилност и флексибилност за истегнување користејќи топка за поддршка.

 

„Слушајте го вашето тело и направете измени ако сакате, важно е да направите вашето тело да се движи!“ вели Шилдс, која има две ќерки Роуан (17) и Гриер (14) со сопругот сценарист Крис Хенчи (56).

„Активноста е добра за телото и умот,“ додава таа.

Текстот Бруок Шилдс покажа како ја одржува атлетската фигура е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца