Утрински Весник
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена

Скопје, 8 јули 2019 (/) –  Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толкав износ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 69 денари,  а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71 денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.лв/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Добрите дела не се ретки во Mozzart: лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа кампањата „Запознајте ги ретките болести“

ЕСМ склучи договор со „Балкан Јутилитис“ за набавка на гас за февруари

Нов салон на „Прима“ во Ѓорче Петров – нов центар за модерен и квалитетен мебел