Утрински Весник
Спорт

Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!

Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!

Поранешната англиска фудбалска легенда, Дејвид Бекам е на насловната страница на новата генерација на .-играта ФИФА 21, враќајќи се на насловната по 23 години, и според извештаите од Англија, заработувајќи повеќе пари од тоа што е вклучен во .-играта отколку парите кои ги заработуваше како фудбалер.

Бекам претходно беше амбасадор за ривалите ПЕС, но сега, конечно е достапен како три верзии верзија „Икона“ од неговите играчки денови. Според „Дејли мирор“, Бекам за тригодишниот договор со ЕА спортс ќе заработи 40 милиони фунти, откако ја одбил првичната понуда од 30 милиони фунти.

Ова значи дека тој ќе заработува неверојатни 256.000 фунти неделно само со промотивни акции, што сигурно се најлесните пари кои ги заработил во животот. Бекам официјално ќе биде додаден во играта на 15 декември.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

> Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство