Утрински Весник
Свет

Бајден го предупредил Путин за тешки последици ако ја нападне Украина

Бајден го предупредил Путин за тешки последици ако ја нападне Украина

Белата куќа се огласи на „Твитер“ по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин.

„Претседателот Бајден денеска разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и му даде до знаење дека руската инвазија на Украина ќе има брзи и тешки последици. Бајден го повика Путин да ја деескалира ситуацијата и да тргне по дипломатски пат“, соопшти Белата куќа.

Покрај тоа, Бајден во разговорот со Путин повторил дека руската инвазија на Украина „ќе предизвика големи страдања“ и „ќе и наштети на позицијата на Русија во светот“.

„Американскиот претседател јасно му стави до знаење на Путин дека Америка, посветена на дипломатско решение на кризата, во координација со сојузниците и партнерите, е подеднакво подготвена и за други сценарија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во последниот обид да се избегне конфликт, двајцата лидери разговараа по телефон еден ден откако Вашингтон и неговите сојузници предупредија дека руските сили стационирани на границата со Украина можат да ја нападнат Украина „во секој момент“.

Можете да прочитате

Убиен контраразузнавач на ФСБ – 24info.mk

Републиканците во Претставничкиот дом подготвија предлог-закон за купување на Гренланд

Трамп најавува дека ќе формира „Служба за надворешни приходи“ за тарифи