Утрински Весник
Магазин

„Армија на мртвите“ на Зак Снајдер доби датум за премиера

„Армија на мртвите“ на Зак Снајдер доби датум за премиера
Dik 300x250 mk

Додека сите ја очекуваат премиерата на таканаречената Снајдер-кат верзија на „Лига на правдата“ по официјалната најава, Зак Снајдер се враќа со својот нов филм „Армија на мртвите“ (Army of the Dead).

Како директно продолжението на хорор филмот за зомби од 2004 година, „Зора на мртвите“, овој претстоен филм на „Нетфликс“ истражува група платеници кои планираат да ја изведат најголемата кражба досега во казино во Лас Вегас. за време на избувнувањето на зомби. Не баш добар тајминг за кражба.

Уникатниот концепт за зомби-филмот „Армија на мртвите“ ќе вклучи голем број актери како Дејв Батиста, Ела Парнел, Омари Хардвик, Ана де ла Регера, Теор Роси, Матијас Швајфер, Хирујуки Санада, Гарет Дилахонт. Најверојатно половината од нив нема да го поминат крајот на филмот.

Премиерата на филмот на „Нетфликс“ е на 21 мај, а првиот трејлер се очекува на 25 февруари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува