Утрински Весник
Спорт

Ансу Фати го повредил десното колено

Ансу Фати го повредил десното колено

Ансу Фати повторно го повредил коленото. Младиот фудбалер се повредил во дербито против Реал.

„Ансу Фати чувствува болки во десното колено. Поради тоа нема да биде во тимот. Следува период на рехабилитација“, соопшти Барселона.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, рекол дека Фати има проблем со коленото, но дека повредата не е сериозна и дека му е потребен одмор.

Фати сигурно ќе го пропушти вечерашното гостување кај Рајо Ваљекано, а неизвесен е неговиот настап на дуелите со Алавес во сабота и Динамо Киев во вторник.

Претходно, 18-годишникот, поради повреда на левото колено, паузираше речиси една година.

> Ансу Фати го повредил десното колено <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026