Утрински Весник
Свет

Американска студија: Вакцините на „Синофарм“ се безбедни и ефикасни

Американска студија: Вакцините на „Синофарм“ се безбедни и ефикасни
Dik 300x250 mk

Двете вакцини против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а едната од нив неодамна доби зелено светло од Светската здравствена организација за итна употреба, пренесува „Асошиејтед прес“.

Во студијата е заклучено дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти и 78 проценти, како што претходно тврдеше „Синофарм“.

Вакцините направени од инактивирани вируси веќе се дадени на милиони луѓе ширум светот.

Светската здравствена организација на почетокот на мај ја одобри вакцината на Институтот за биолошки производи во Пекинг, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против