Утрински Весник
Економија

Азески побарал од Хисарчиклиоглу да помогне во овозможувањето слободен проток на македонски производи кон Турција

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Забраната што ја воведоа турските власти за влез на македонски транспортери во земјата, како дел од тамошните мерки за заштита од коронавирусот, сериозно ги погодува нашите компании кои вршат извоз и увоз во и преку Турција за азиските пазари, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Поради тоа, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вчера со писмен допис се обратил до неговиот колега, претседателот на Унијата на комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и го замолил во рамките на неговите овластувања да се заложи за надминување на постојниот проблем.

– Целта е да им се помогне на македонските транспортери и да им се овозможи слободен проток на стоки меѓу нашите две земји, информира Стопанската комора. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите

Повторно раст на цените на нафтата