Утрински Весник
Култура
Img 7972

Авторот Стефан Марковски добитник на наградата „Празник на липите“

Img 7972

Заврши конкурсот на тема „Липа“, распишан од страна на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Како што информираат од писателската асоцијација, на конкурсот пристигнале повеќе творби, кои ги разгледувала тричлена жири-комисија во состав: Васил Тоциновски (претседател), Југослав Петровски и Пунторие Муча Зиба (членови).

„Жири-комисијата едногласно одлучи да ја издвои и награди песната од авторот Стефан Марковски, која е годинешен добитник на наградата за најдобра творба на меѓународната манифестација ‘Празник на липите’“, се наведува во соопштението.

Манифестацијата „Празник на липите“ е традиционална, а годинава ќе се одржи на 28 јуни во просториите на ДПМ, со почеток во 10 часот.

Наградата на авторот Стефан Марковски е во вид на плакета и ќе му биде врачена на свеченоста на манифестацијата „Празник на липите 2022“.

Текстот Авторот Стефан Марковски добитник на наградата „Празник на липите“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“