Утрински Весник
Спорт

Австралијците со карикатура која ги разгневи фановите на Ѓоковиќ

Австралијците со карикатура која ги разгневи фановите на Ѓоковиќ
Dik 300x250 mk

Еминентниот австралиски весник The Age објави карикатура oд светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, која ги разгневи неговите фанови.

Откако министерот за имиграција Алекс Хок по вторпат му одби виза на тенисерот, по што му се заканува депортација од земјата, илустраторот Мет Голдинг, аферата која е актуелна ширум светот, ја преточи во карикатура.

На неа се прикажани Ѓоковиќ и Хок со контејнер што гори.

Министерот му ја уништува визата на тенисерот, додека од разглас се слуша „Предност, за ваксерите“. Контејнерот, пак, во кој е тенисерот, е означен со парафразирано лого на Австралија опен.

Така, буквата „А“ е составена од два шприца, а „О“ е симболот за коронавирус.

> Австралијците со карикатура која ги разгневи фановите на Ѓоковиќ <

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации