Утрински Весник
Свет

Авионска несреќа кај брегот на Северна Каролина во САД

Авионска несреќа кај брегот на Северна Каролина во САД

Мал авион со осум лица се урна во океанот во близина на брегот на Северна Каролина, соопшти крајбрежната стража.

Досега е пронајдено и идентификувано едно тело, изјави за новинарите шерифот на округот Картерет Аса Бак во понеделникот попладне.

„Немаме индикации дека некој ја преживеал несреќата“, рекол шерифот, пренесуваат странските медиуми.

Спасувачките служби се уште трагаат по делови од авионот, рече Бак.

Капетанот на американската крајбрежна стража изјави за новинарите дека неколку бродови од различни агенции ја продолжуваат потрагата.

Повеќето од членовите на семејството на патниците во авионот живеат во Картерет, крајбрежен кварт со речиси 70.000 луѓе, рече Бак.

Контролорот на летање пријавил дека леталото се однесувало чудно на радарот, а потоа исчезнало од екранот.

Пилатус PC-12/47 со еден мотор паднал во водата на приближно 29 километри североисточно од полето Мајкл Џеј Смит во Бофор, Северна Каролина, во неделата околу 14 часот по локално време, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Во прелиминарното известување за несреќата на веб-страницата на ФАА се наведува дека авионот паднал во вода под непознати околности.

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка