Утрински Весник
Спорт

Шчепановиќ го наследи Тринкиери

Шчепановиќ го наследи Тринкиери
Ss2

Кошаркарскиот клуб Партизан го претстави Владо Шчепановиќ како нов тренер. Поранешниот играч на партизан ќе напредува една позиција бидејќи минатата сезона му беше прв помошник на Андреа Тринкијери кој пред две недели го напушти клубот.

Шчепановиќ (44) претходно работеше со Тринкиери во Бамберг, а еден дел од тренерската кариера мина во Будуќност.

Ss1

Во два мандати тој бил играч на Партизан (2001/2002 и 2004). Со црно-белите има освоено два трофеи во Купот на Србија.

Со репрезентацијата на Југославија бил светски првак во 1998 година и европски шампион во 2001 година.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!