Утрински Весник
Македонија

Пријавени 17 случаи на огнови на отворено во Скопје минатата недела

Пријавени 17 случаи на огнови на отворено во Скопје минатата недела
300x250 (7)

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Вкупно 17 пријави за огнови на отворено на територијата на Град Скопје се регистрирани во периодот од 19 до 25 овој месец. Во 16 случаи скопските пожарникари излегле на терен и го изгаснале огнот на отворено, а едната пријава е проследена кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

– Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје.

Ss1

Оттаму оценуваат дека кампањата „Пријави оган на отворено“, која се спроведува трета година по ред, дава одлични резултати. бак/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби