Утрински Весник
Свет

Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

300x250 (7)

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руското Министерство за одбрана има планови за безбедноста на земјата доколку НАТО се прошири.

dobivaj vesti na viber

Песков денеска изјави дека Русија прави напори да ја обезбеди својата безбедност, особено во контекст на можното распоредување на оружје на НАТО во Финска и Шведска.

300x250 (7)

„Таквите опции се разгледуваат, а тоа не го прави Кремљ, туку Министерството за одбрана. Веќе кажавме дека имаат соодветни планови и се прават напори за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков на прашањето дали Русија разгледува опции за одговор на евентуалното формирање на базата НАТО во Финска недалеку од руската граница, пренесува ТАС С.

Запрашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција „и нема што да се додаде“.

Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска и амбасадорите на 30 членки на НАТО рано денеска ги потпишаа протоколите за пристапување во Алијансата.

Тие ќе можат да влезат во НАТО откако сите членки ќе ги ратификуваат документите.

Ss1

Можете да прочитате

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

Почина бебето кое беше извлечено живо од утробата на мајката убиена во Газа

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан