Утрински Весник
Свет

Патолозите пронашле згрутчување на крв во речиси секој орган кај починат од ковид-19

Патолозите пронашле згрутчување на крв во речиси секој орган кај починат од ковид-19

Аутопсијата на луѓето кои починале од коронавирус им помага на лекарите подобро да разберат како ковид-19 влијае на телото и организмот. Едно од најголемите откритија досега се крвите згрутчувања во органите на починатите пациенти, пренесува Си-ен-ен.

Докторката Ејми Рапкивиц, главен патолог во Медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк, во интервју за Си-ен-ен објаснува зошто ова откритие е многу важно за разбирањето на ковид-19.

Некои пациенти со ковид-19 имале проблеми со крвни згрутчувања, а нивото и опсегот до кој тие проблеми се случувале е многу драматичен, опишува Рапкивиц. Во раната фаза на пандемијата лекарите забележале гоилем број крвни згрутчувања во разни крвни садови.

„ Она што го видовме на обдукцијата беше на некој начин продолжение на тој проблем. Згрутчувања немаше само во големите крвни садови, туку и во малите. Тоа беше драматично, бидејќи иако тоа го очекувавме во белите дробови, најдовме крвни згрутчувања во речиси секој орган кој го погледнавме во нашето обдукциско истражување“ објаснува докторката.

Студијата на Рапкивиц, во која се наведени нејзините откритија, е објавена кон крајот на јуни во магазинот „Лансет ЕКлиникалМедисин“.

Аутопсиите исто така покажале нешто необично за мегакариоцитите или големи клетки на коскената срцевина. Тие обично не циркулираат надвор од коските и белите дробови, додава Рапкивиц.

„Ги пронајдовме во срцето и бубрезите, џигерот и другите органи. Во значаен број во срцето, мегакариоцитите создаваат тромбоцити кои учествуваат во згрутчувањето на крвта“ вели докторката.

Според неа една од можностите што ја имале патолозите е тоа што ги прегледувале органите на многу жртви на ковид-19 и истражувањето на болестите кои се случувале. Таква можност немале кај Х1Н1 или вирусот САРС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица

„Ал Џезира“ тврди дека израелската армија накратко уапсила еден од нејзините известувачи

Украина, Блискиот Исток и проширувањето на ЕУ меѓу темите на заседанието на ГАК