Утрински Весник
Спорт

Меси со супер-асистенција за Барса да го освои трофејот „Жоан Гампер“

Меси со супер-асистенција за Барса да го освои трофејот „Жоан Гампер“
300x250 (7)

Лионел Меси можеби поголемиот дел од летото го помина карајќи се со управата на Барселона, но кога се работи за активностите на теренот, тој е целосно посветен на каталонскиот гигант, откако имаше фантастична аситенција за 1:0 победа над Елче на традиционалниот меч за отварање на новата сезона, трофејот „Жоан Гампер“.

Голот го постигна Антоан Гризман, а аситенцијата ја запиша Жорди Алба, но сепак, клучен човек во играта беше токму Меси, кој во стил на плејмејкер даде една навистина спектакуларна долга топка во шестнаесетникот.

Ss1

33-годишниот Меси претходно имаше одлична асистенција до Филипе Кутињо и два фантастични гола за 3:1 победата над Џирона во средата во подготвителен меч. Каталонците ја почнуваат сезоната следната недела против Вилјареал.

> Меси со супер-асистенција за Барса да го освои трофејот „Жоан Гампер“ <



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!