Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Непочитувањето на здравствените препораки резултира со десетици заболени функционери

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК
300x250 (7)

 

Скопје, 4 јуни 2020

Кластерот СДСМ ќе си помогне и себе и на граѓаните доколку повеќе се грижи за здравјето, а не за политичките желби на Заев

300x250 (7)

Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев.

СДСМ кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица

Брзајќи за избори СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Заради нивната неодговорност во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со корона вирусот.

Македонија има вкупно 2492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ се уште зборуваат за нова нормалност и избори.

Тоа покажува дека се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев.

Патем поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери.

Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт