Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз во Скопје во прекин од денеска од 21 до понеделник до 5 часот

Јавниот превоз во Скопје во прекин од денеска од 21 до понеделник до 5 часот

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека од денеска од 21 часот, па до понеделник до 5 часот, јавниот превоз во градот нема да функционира.

Оттаму посочуваат дека времениот прекин е согласно одлуката на Влада на Република Северна Македонија за забрана на движење на населението во посочениот период на територијата на Скопје.

ЈСП наведува дека јавниот превоз денеска ќе функционира до 21 часот.

– Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред, соопштуваат од ЈСП.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот, додека останатиот распоред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сопственикот на „Baking Bread“ ги демантира гласините: Нема да бараме ниту денар од осигурување

16-годишник со нож избоде 14-годишник во скопско

Украле роба, па побегнале со „голф“ – експресно уапсени тројца скопјани