Утрински Весник
Македонија

Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно

Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно
Ss2

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило. Во саботата беа изречени 14, а во неделата 62 казни, соопшти Град Скопје.

Целта, како што се наведува во соопштението, е да се заштити планината Водно од загадување и да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Ss1

Градските власти потсетуваат дека е воведен бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица и за туристичките автобуси.

Град Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. мд/са/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби