Утрински Весник
Македонија

ЈЗУ ”Здравствен дом – Скопје”: Граѓаните ќе имаат 24-часовна грижа на Новогодишните празници

Министерството за здравство со план за рационално користење на електричната енергија

ЈЗУ ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје , соопшти дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

dobivaj vesti na viber

На 31.12.2022 година (сабота) во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 08 до 16 часот.

На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

„Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување. Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните препораки: Редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки како би можеле Новогодишните празници да ги дочекаме во весело и пријатно расположение за сите.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран