Утрински Весник
Магазин

Зошто не сите додатоци во исхраната треба да се земаат наутро

1 vitamini koi pomagaat pri sogoruvanje kalorii.jpg

Многумина имаат навика да ги земаат додатоците во исхраната веднаш по будењето, најчесто со кафе и без појадок. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ваквата рутина не секогаш е добра идеја и може да ја намали ефикасноста на витамините, па дури и да предизвика дигестивни тегоби. Според експертите, времето кога се земаат одредени додатоци е подеднакво важно како и самиот избор. Некои витамини подобро се апсорбираат со храна, додека други можат да предизвикаат мачнина ако се земаат на празен стомак.

Железо

Иако најдобро се апсорбира без храна, железото често предизвикува непријатност во желудникот. Затоа се препорачува да се зема помеѓу оброци или со лесна ужина, но без кафе, чај или храна богата со калциум, кои ја намалуваат апсорпцијата.

Магнезиум

Кај магнезиумот, времето на земање е поважно поради неговиот смирувачки ефект. Одредени форми можат да предизвикаат поспаност, па затоа најчесто се препорачува да се зема навечер, со вечера или пред спиење.

Витамини А, Д, Е и К

Овие витамини се растворливи во масти и најдобро се апсорбираат кога се земаат со оброк што содржи масти. Земањето само со утринско кафе значително ја намалува нивната корист. Експертите советуваат додатоците во исхраната да се земаат во време кое овозможува најдобра апсорпција и кое лесно може да се одржува секојдневно, а пред воведување нов додаток секогаш е препорачлива консултација со лекар или фармацевт.

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца