Утрински Весник
Македонија

Зошто министерството за култура не го финансира илинденскиот марш годинава, и се обрати Стојкова Серафимовска на Костадиновска Стојчевска

Зошто министерството за култура не го финансира илинденскиот марш годинава, и се обрати Стојкова Серафимовска на Костадиновска Стојчевска

На денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска постави две прашања, првото прашање до Министерот за економија зошто не функционира туристичката инспекција и до министерството за култура зошто оваа година не е финансиран настанот, проектот илинденски марш каде што оваа година се одбележуваат 120 години од Илинден.

dobivaj vesti na viber

„Јас имам две пратенички прашања денес првото пратеничко прашање е до министерот за економија, ова прашање се однесува за онаа реакција за туристичките водичи за масовното окупирање на странските туриститички водичи во Македонија каде што добиваме неточна интерпретација на македонската историја и македонското културно наследство. Ние имаме реакции на повеќе туристички водичи и туристички агенции бидејчи се случува во државата да има странски туристи, но нема никаква контрола. А контролата за странски туристички водичи односно за туризам е при министерството за економија. Се слуша на пример дека Македонија е 100 проценти муслиманска земја, се слуша на пример дека сите тврдини во Македонија се изградени во отоманскиот период, интерпретации и реинтрепретации кои што се невистини. Надлежно за ова е министерството за економија сектор туризам државен пазарен инспекторат кој што треба да ги контролира овие работи. Прашањето ми е до министерот за економија што мислите да правите со овој проблем, односно дали мислите воопшто да го решите и каде е проблемот зошто не функционира ова туристичка инспекција која што вие сте ја навеле, оваа влада во 2017 година во октомври како меморандум потпишан заедно со здужението за туристички водичи?“, праша Стојкова Серафимовска.

Пратеничката Стојкова Серафимовска второто прашање го упати до министерката за култура и министерството за култура зошто е одбиен и оваа година не се финансира настанот, проектот илинденски марш каде оваа година се одбележуваат 120 години од Илинден.

„И второто прашање е до министерката за култура до министерството за култура и се однесува повторно на еден актуелен момент а тоа е Илинденскиот марш денеска замина коњаницата, тргна од Бигорскиот манастир се испратија коњаниците, меѓутоа она што мене ме зачудува не само оваа година туку неколку години по ред, министерството за култура не го поддржува илинденскиот марш. Упатувам прашање зошто оваа година не е поддржан, сметам дека во ваквите проекти се гледа националниот интерес, а ако нешто треба да се финансира, треба да се финансираат вакви проекти.Овој проект е од национален интерес, Илинденски марш. Не знам зошто не е финансиран знам дека е поднесено барање за ова, прашањето е ова зошто оваа година не е финансиран проектот односно настанот кој што е многу важен особено оваа година кога имаме одбележување 120 години од Илинден“, нагласи Стојкова Серафимовска.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје