Утрински Весник
Спорт

Зошто адвокатот на лутите ривали Наполи беше најголем поддржувач на Јувентус?

Зошто адвокатот на лутите ривали Наполи беше најголем поддржувач на Јувентус?

Додека обичните фанови кои не го „мирисаат“ Јувентус, се полни со сеир кон „бјанконерите“, малку подеталната анализа на ситуацијата во италијанскиот фудбал по казната од 15 поени за Јуве, покажува дека ова е само почеток наа целиот скандал.

dobivaj vesti na viber

Јуве сега, по „Качополи“, вторпат се јавно посрамени и додека некои инсистираат дека правдата ќе биде осигурана само ако тие се исфрлат од лигата, другите италијански клубови немаат многу причина да бидат среќни, бидејќи, едноставно, можат да бидат следни. Оригинало, Јувентус беа ослободени бидејќи доказите беа добиени со „прислушкување“ на телефоните и фактот дека нема начин независно да се оцени вредноста на еден фудбалер, туку само цената која би ја договориле дватаа клуба. Но, со преседанот со отфрлање на таа пресуда, има нова реалност.

Еден од најгласните поддржувачи на Јувентус во нивната одбрана пред Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), зачудувачки беше адвокатот на лутите ривали, Наполи. Тие посебно се загрижени за контроверзниот трансфер на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен од Лил. Официјално, Наполи „платија“ 71.3 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. Но, вистинската сума беше поблиску до 50 милиони евра, бидејќи 20 милиони беа „отпишани“ како вредност на четири младински фудбалери на италијанскиот тим кои заминаа во Франција – 5 милиони за голманот Орестис Карнезис (кој во две сезони одигра еден меч за Лил) и 15 милиони евра за тројца младински фудблаери (Чиро Палмиери, Луиџи Лигуори и Клаудио Манци), кои набргу беа ослободени од договорите со Лил.

За Јувентус, ситуацијата може само да стане полоша. Следниот случај на ред е околу трансферите споменти во „прислушуваните“ разговори, кои УЕФА може да ги искористи да го казни Јуве, еден од лидерите на проектот за „Европската Суперлига“. Уште поголема загриженост е „тајниот“ договор за плаќање на фудбалерите „под маса“ откако тие претходно изјавија дека се откажуваат од четири месечни плати поради пандемијата на КОВИД. Ова може да носи директно исфрлање во Серија Б.

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство