Утрински Весник
Скопје

Зоо Скопје: Една од ламите кои угинаа имала туберкулоза – покажа обдукцијата

Image 226910.jpg

По веста за угинувањето на двете лами во ЗОО Скопје, од таму излегоа со соопшение.

Го пренесуваме во целост:


Почитувани,
би сакале да Ве информираме дека изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина лекувавме и терапиравме лама која иако беше направено се од медицински аспект и грижа, за жал угина. Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми. Веднаш во соработка и советување со АХВ (Агенција за храна и ветерина), беа направени туберкулински тестови на сите лами и секојдневно ја следиме нивната ситуација и се под медицински надзор. Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка.

Можете да прочитате

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром

Без струја утре дел од Карпош и Волково

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“