Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Јавно омаловажување и посакување на смрт на новинари е недозволиво

ЗНМ: Јавно омаловажување и посакување на смрт на новинари е недозволиво

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на, како што вели, непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук-профилот именуван како Божидар Божиновски.

dobivaj vesti na viber

„Лицето Божиновски во изминатите денови, преку социјалната мрежа Фејсбук, во еден од постовите на споменатиот профил објавува лична фотографија од новинарот Борјан Јовановски и во текстот вели дека: ‘тој е копито фашистичко, се појавил на телевизија и не кажал ништо за фашистите во Охрид… на овој би му сугерирал опција Адолф, што побрзо да нè спаси од неговото постоење’“, наведуваат од Здружението на новинарите.

ЗНМ објаснува дека објавување на ваков тип  содржина за колегата Јовановски може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи како и на дел од онлајн медиумите. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и други поединци со што кривична одговорност освен сторителите имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза.

„Слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањето на овие слободи вклучува обврски и одговорности“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Можете да прочитате

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава