Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Али Ахмети не смее да етикетира медиуми

ЗНМ: Али Ахмети не смее да етикетира медиуми

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ го осудува јавното етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

dobivaj vesti na viber

Тој во своето обраќање пред присутните на партиска трибина во Гостивар, во обид да изрази незадоволство за медиумското известување во врска со партиските активности, јавно кажа дека овие две телевизии се непријателски, велат од Здружението.

„Оваа скандалозна изјава е штетна и може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници а со тоа да се поттикне цензура во поширок контекст. Изјавата е посебно проблематична што доаѓа од претседател на политичка партија која е дел од власта и истата може да стимулира напади и закани врз медиумите и новинарите од страна на партиските припадници, а тоа може да повлече многу негативни последици на слободата на изразување“ се вели во соопштението од ЗНМ.

Здружението на новинари со став дека „јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба да се воздржат од изјави кои што етикетираат медиуми, бидејќи тоа е во спротивност со европските вредности кои самите политичари се обидуваат да ги промовираат пред граѓаните“.

Со реакција се јавија и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од каде најостро ја осудуваат вчерашната изјава на претседателот на ДУИ со која телевизиите Телма и Алфа ги етикетираше како непријатели на Албанците.

„Јавните личности, а особено претседателите на политичките партии треба да бидат свесни дека слободата на изразување подразбира и одговорност. Наместо да се служат со непримерна комуникација, тие треба да служат за пример и да покажат највисоко ниво на почитување на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат европските стандарди и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите и се потикнува меѓуетничка нетолеранција и нетрпеливост“ велат од АВМУ.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје