Утрински Весник
Свет

Знамето на сириската опозиција поставено на зградата на амбасадата во Москва

20241209140204 Big 730x400 88.webp.webp

Знамето на сириската опозиција е поставено на зградата на дипломатското претставништво на таа земја во Москва.

Руските медиуми претходно објавија дека од зградата на сириската амбасада во Москва се отстранети стандардното сириско знаме и таблата со името на дипломатската мисија.

Според информациите, обезбедувањето на амбасадата не е зголемено, светлата во зградата не се вклучени, а ситуацијата е мирна.

Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија одобрила политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство и оти таа одула ја донел претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата, рече Песков.

Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија

Можете да прочитате

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија

Брисел го задржува здивот пред првиот потег на Трамп

Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико