Утрински Весник
Магазин

Змија направи хаос во авион: патниците врескаа и ги кренаа нозете

Пијан патник принудил авион да слета во Грција

На патниците на авионскиот лет од Тампа до Њујорк им било речиси завршено патувањето кога при слетувањето сфатиле дека во авионот има уште еден непоканет патник.

dobivaj vesti na viber

Еден од патниците забележал змија под неговите нозе во моментот кога авионот слетувал на аеродромот Њуарк Либерти. Како што пишува Си-Ен-Ен, полицијата и вработените на аеродромот веднаш реагирале и ја отстраниле змијата, а важно е дека нема повредени.

Патникот изјавил дека патниците од бизнис класата почнале да врескаат и да ги креваат нозете додека авионот слетал на пистата. „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека членовите на екипажот побарале помош од службениците на аеродромот „откако патниците ги предупредиле“ за змијата.

Според Здружението за диви животни во Северна Каролина, се работи за градинарска змија која не е отровна и често се наоѓа во градините каде што помага во контролата на штетниците.

Можете да прочитате

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT