Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против охриѓанец за затајување

Кривична пријава против охриѓанец за затајување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

dobivaj vesti na viber

Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка, сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел, и без нејзино знаење извршил повеќе парични трансакции.

Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари.

Можете да прочитате

Претреси и апсења во Скопје: Расчистена кражба на пари, злато и часовници

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче