Утрински Весник
Свет

Злато вредно 13 милиони евра украдено од аеродромот во Торонто

Злато вредно 13 милиони евра украдено од аеродромот во Торонто

Канадската полиција истражува кражба на злато и вредни предмети во вредност од околу 13,5 милиони евра од аеродромот во Торонто.

dobivaj vesti na viber

„ Златото и многу скапите предмети пристигнале во понеделникот вечерта со авион и биле истоварени во хангарот. Контејнерот во кој се наоѓале вредните предмети е украден од магацинот“ рече на прес-конференција претставник на локалната полиција.

Детали за начинот на кражбата и осомничените не се соопштени.

Медиумите објавија дека од аеродромот исчезнале повеќе од 1,6 тон злато, што би вредело многу повеќе од 20 милиони канадски долари (13,5 милиони евра) колку што наведуваат властите дека вреди скапата пратка.

Можете да прочитате

Русија: САД треба да се откажат од „јазикот на ултиматуми“ кон Иран

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Украина ги отфрла обвинувањата дека е поврзана со откриениот експлозив во Србија