Утрински Весник
Свет

Зимска суша во Шпанија: Решението се гледа во десоленизација на моската вода

O 1906742 1024.jpg

Продолжената зимска суша во Шпанија воведе ограничувања во снабдувањето со вода за повеќе од 10 милиони Шпанци. Решението се бара во морската вода.

Шпанија ќе инвестира 800 милиони евра за да го удвои својот капацитет за производство на вода за пиење од Средоземното Море.

Сепак, трошоците за десолинизација на водата се огромни, па шпанската влада одобри изградба на најголемата инсталација на фотоволтаични панели за дополнување на потрошувачката на енергија.
Во меѓувреме, земјоделците гледаат кон небото, а населението ги отвора чешмите.

-На пример, во кадата, бидејќи треба да чекате да дојде топла вода, имаме кофа што ја полниме и ја користиме за разни работи – вели граѓанин од подрачјето погодено од суша.

-Се трудиме да ја држиме славината што помалку отворена секогаш кога миеме различни работи – додава друга мештанка.

Најтешко е во Каталонија и Андалузија, каде потрошувачката е ограничена на 160 литри по човек дневно.

Шпанија ќе инвестира вкупно 23 милијарди евра за нов план за управување со водите. Дотогаш цистерните ќе превезуваат вода од Валенсија до Каталонија.

Во Торевиеја, во Аликанте, е најголемата фабрика за десоленизација на морската вода за пиење во Европа.

Таа ќе го удвои својот производствен капацитет во следните две години и ќе работи на соларна енергија.

Педро Санчез, претседателот на Шпанија, вели дека фабриката првично ќе го зголеми капацитетот за производство на десолинирана вода за 50 проценти.

-Користењето на сончевата енергија ќе ја намали цената на десалинираната вода на четири центи за кубен метар – забележува Санчез.

Во Шпанија има над 700 постројки за десолензација на вода кои би можеле да обезбедат вода за пиење за 34 милиони луѓе.

Сепак, трошоците за производство се три пати повисоки од трошоците за вода од акумулациите.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет