Метео анализа на Славчо Попоски:
Почнувајќи од утре (недела), па во текот на следната седмица, територијата на Балканот, како и на нашата Македонија ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа. Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опадната за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега.
Во регионот температурите ќе опаднат дури за околу, па и за повеќе од 10 степени.
Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканот, како и во Македонија ќе има појава на умерени, а во регионот до јаки мразеви, особено на планинските места.
Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под -5 степени.
Се на се, пред нас е многу поладен, но сув период, токму поради ова ви препорачувам доколку излегувате наутро, задолжително со себе да си ја понесете топлата облека, поради тоа што и тоа како ќе ви биде потребна.