Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Zidane.jpg
300x250 opst2

Трофејниот француски фудбалски стратег Зинедин Зидан е сѐ поблиску до враќање на тренерската клупа, овојпат кај германскиот гигант, Баерн Минхен. Информацијата ја потврдија неколку германски медиуми кои најавуваат дека Баварците веќе се во напредни преговори со Французинот да го замени Томас Тухел кој ќе си замине од Минхен по завршувањето на сезоната. Баерн сакаше да го врати Јулијан Нагелсман, но селекторот на Германија денес потпиша нов договор до 2026 година и стави крај на сите шпекулации. Се очекува Зидан да го презема баварскиот гигант на 1 јули годинава, кога и официјално ќе заврши соработката со Тухел, а управата е подготвена да му стави на располагање околу 200 милиони евра за засилувања.  Се очекува Зидан да потпише четиригодишен договор, вреден околу дванаесет милиони евра по сезона и дополнителни бонуси за освоени трофеи. Легендарниот „Зизу“ четири години беше надвор од терените, а последен пат го предводеше Реал Мадрид, со кој освои три титули во Лигата на шампионите. 

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути