Утрински Весник
Спорт

ЖРК Чаир се поблиску до третото коло во Европскиот Куп

Zrk Cair.jpg

Женскиот ракометен клуб на Чаир триумфираше во првиот натпревар во второто коло од Европскиот куп на гостувањето во Луксембург против Керженг со 26:24.

Лошо почна македонскиот претставник со негатива од 5:1, но постепено во понатамошниот период од првото полувреме ракометарките на тренерот Басри Љатифи ја топеа предноста на противникот кој на паузата имаше само „плус два“ (13:11).

Во второто полувреме ЖРК Чаир прави целосен пресврт, со серија од 4:0 дојде до позитива од 15:13.

Се врати противникот на нерешени 15:15, се играше гол за гол, двата тима се менуваа во водство, Керженг повторно беше во позитива откако на семафорот стоеше 24:22.

Кога беше најпотребно ЖРК Чаир направи нова низа погодоци од 4:0 за на крајот да дојде до победа и конечми 26:24.

Во триумфот најефикасна беше Теодора Дукоска со девет голови, а шест запиша Стефанија Ѓорѓиевска.

Реваншот за пласман во третата рунда од натпреварувањето ќе игреа во салата Автокоманда на 13 октомври со почеток од 19.00 часот.

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра