Утрински Весник
Спорт

Жозе Мурињо и Рома ќе ја продолжат љубовта до 2026 година

Жозе Мурињо и Рома ќе ја продолжат љубовта до 2026 година

Жозе Мурињо би сакал да го продолжи престојот во Рим уште две дополнителни години. Тоа го посакува и раководството на Рома, па почнати се преговорите за продолжување на соработката до 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Португалскиот стратег дојде во Рома од јули минатата година, со италијанскиот клуб ја освои Конференциската лига, по што римјаните се пласираа во Лига Европа.

Добрата атмосфера во клубот би можела да биде крунисана со нов договор за Жозе Мурињо. Актуелниот договор на Португалецот истекува во 2024 година, тој заработува околу седум милиони евра годишно. Новиот договор би бил продолжен до 2026 година.

Навивачите на Рома веруваат дека Мурињо е тренерот што може да го одведе тимот до скудето.

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури