Утрински Весник
Спорт

Жоргињо го напушта Арсенал и се сели во Лацио?

Жоргињо го напушта Арсенал и се сели во Лацио?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кариерата на италијанскиот репрезентативец Жоргињо во Арсенал е доведена во прашање и тој би можел да го напушти тимот само неколку месеци по доаѓањето на „Емирати“, пишува англиските медиуми. Неговиот поранешен ментор Маурицио Сари сака да го доведе во Лацио.

dobivaj vesti na viber

Двајцата имаа исклучително успешни периоди во Наполи, а потоа и во Челси, при што играчот од средниот ред се смета за еден од неговите омилени фудбалери. Под водство на Сари, тој има одиграно вкупно 162 натпревари, а заедно во тимот од „Стемфорд бриџ“ во 2019 година ја освоија и Лигата на Европа.

Меѓутоа, во последните сезони, Жоргињо го загуби своето стартно место во Челзи и во јануари се пресели во Арсенал, каде што исто така беше главно резерва. 31-годишниот играч од средниот ред има амбиции да игра поредовно и би можел да притисне за преселба во Лацио, каде би можел повторно да се обедини со својот поранешен тренер.

„Лацијалите“ во новата сезона ќе играат во Лигата на шампионите и потребни им се засилувања.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов