Утрински Весник
Свет

Жителите забележале мајка на велосипед во Индијана, кога виделе што вози во корпата веднаш повикале полиција

Жителите забележале мајка на велосипед во Индијана, кога виделе што вози во корпата веднаш повикале полиција

Мајка од Индијана е во затвор откако била фатена како вози велосипед со нејзините две месечни близнаци кои плачеле во пластичната корпа врзана за нејзиниот велосипед.

dobivaj vesti na viber

36-годишната Блосом Кирби ќе помине една година зад решетки откако беше осудена за занемарување на дете.

Повеќе луѓе повикале полиција кога ја виделе Кирби како вози со бебињата во корпа закачена на предниот дел од нејзиниот велосипед.

Некои велат дека виделе како мајката речиси паднала од својот велосипед додека бебињата лежеле во корпата за време на летните горештини.

Кога полицијата ја испрашала, Кирби им кажала дека секогаш ги превезува своите деца на тој начин, затоа што немала автомобил, се наведува во судските документи.

Бебињата, момче и девојче, биле однесени во детската болница Рајли и им била укажана помош од изгореници од сонце и мали гребаници.

Можете да прочитате

Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но историјата веројатно ќе го споредува со Слободан Милошевиќ

Драма во Њујорк: Автомобил удри во пешаци на тротоар, има и повредени

Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан