Утрински Весник
Скопје

Жителите на Волково бараат итно санирање на раскопаната улица: Доста е од молк – време е за итна акција!

490679769 10235494545973688 2507163302867005347 n.jpg

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност.

Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во Собранието, како и советниците во Градот и Општината, веднаш да преземат конкретни мерки. Улицата беше раскопана пред повеќе од 9 месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување?


„Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја,” порачуваат жителите на Волково.

Поради неодговорноста на политичките чинители, Волково – некогаш една од најперспективните населби – денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки. Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура.

Доколку проблемот не се реши, иницијативата најавува радикални мерки: протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем.

Бараме итна и одговорна реакција. Решете го проблемот – сега!, се вели во соопштението од иницијативата.

Можете да прочитате

Завршен настан на проектот „Taste the waste“

Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште

Вон прописи, под накосен покрив сакале да градат четири стана во Карпош