Утрински Весник
Свет

Жителите на Москва масовно даруваат крв по синоќешниот терористички напад

Picture 1111 660x411 1.jpg
Dik 300x250 mk

 Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, јавија руските медиуми. „Пред зградата има огромен број граѓани“, наведуваат медиумите. Повеќе од 600 граѓани даруваа крв во првиот час по отворањето на Центарот, објави регионалното Министерство за здравство на својот канал на Телеграм. Во нападот според последните информации загинаа 93 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.

Можете да прочитате

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари