Утрински Весник
Свет

Жител на Крим осуден на 21 година затвор за соработка со Украина

Zatvor.jpg

Жител на Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим е осуден во Русија на 21 година затвор за „велепредавство“ во корист на Украина, соопштија денеска руските безбедносни служби (ФСБ).

Од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, судењата за „саботажа“, „предавство“, „тероризам“ или „шпионажа“, кои генерално носат тешки казни, значително се зголемија, начин да се ограничи противењето на руската инвазија.

Осудениот, чие име не е објавено, бил регрутиран од Украинската специјална служба (СБУ) во 2022 година. Тоа лице е прогласено за виновно за пренесување информации на Украина за локацијата на руските воени единици во Севастопол, пристаниште на руската Црноморска флота, се вели во соопштението на регионалниот огранок на ФСБ.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН