Утрински Весник
Македонија

Жител на Бродец осомничен за измами

Романец измамил битолчанец за купување на пелети

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 52-годишен жител на Бродец, осомничен дека сторил четири различни кривични дела – Измама казниво по Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 23 септември тој измамил жител на селото Палчиште, ветувајќи му дека ќе му помогне да извади возачка дозвола, а за услугата побарал и добил надомест од 1.450 евра.

Во јули годинава, на сличен начин држел во заблуда жител на Тетово, кој за помош при вадењето возачка дозвола на осомничениот му исплатил сума од 1.200 евра. Откако ги зел парите, осомничениот веќе не му одговарал на телефонските повици.

Осомничениот, во август, на жител на селото Шипковица му се претставил како шеф во ЕВН-Тетово и му ветил дека ќе издејствува за две недели во куќата да му стават нов приклучок за струја. За услугата на оштетениот му зел 2.800 евра на рака, и му побарал документи за куќата, но набрзо потоа престанал да комуницира со него.

За да заврши оставинска постапка за жител на селото Боговиње, осомничениот на 26 септември побарал и добил 1.300 евра од оштетеното лице, а услугата никогаш не ја извршил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​​

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат