Утрински Весник
Македонија

Жител на Богданци починал од повреди по физичка пресметка

Policija.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р..

Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново.


Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и  Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде што подоцна починал.

-По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото на починатиот е дадено на обдукција. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата